Во Македонија има три фирми со над 2.000 вработени

Bez autora
Jun 08 2014

Ако пред распадот на СФРЈ во македонската економија имаше фирми со над 2.000 вработени, а во некои гиганти бројката достигнуваше и до 6.000 во една фабрика, сега само три фирми во земјава имаат над 2.000 вработени и вработуваат вкупно 21.397 лица, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика за 2013 година. Имаме само десет фабрики што бројат од 1.000 до 2.000 вработени каде што работат 13.196 лица. Статистиката покажува дека од вкупно 62.914 деловни субјекти во земјава, најголем број или 50.082 компании вработувале од 1 до 5 лица или севкупно заедно 94.278 лица. Според податоците, имаме само околу 7.000 фирми со над 10 вработени, кои вработуваат околу 128.000 лица.

Во Македонија има три фирми со над 2.000 вработениАко пред распадот на СФРЈ во македонската економија имаше фирми со над 2.000 вработени, а во некои гиганти бројката достигнуваше и до 6.000 во една фабрика, сега само три фирми во земјава имаат над 2.000 вработени и вработуваат вкупно 21.397 лица, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика за 2013 година.

Имаме само десет фабрики што бројат од 1.000 до 2.000 вработени каде што работат 13.196 лица. Статистиката покажува дека од вкупно 62.914 деловни субјекти во земјава, најголем број или 50.082 компании вработувале од 1 до 5 лица или севкупно заедно 94.278 лица. Според податоците, имаме само околу 7.000 фирми со над 10 вработени, кои вработуваат околу 128.000 лица.

Податоците на статистика укажуваат на горливиот проблем на македонската економија, дека најголем дел од компаниите се микро и мали. Интересен е податокот на статистика дека првпат лани не е забележана фирма со ниту еден вработен. Но, ова е поради законските измени и обврската да се плаќаат придонеси за управител, член на Управен и на Надзорен одбор на компанија, кој не е пријавен на друго место и не му тече стаж и социјално осигурување.

Две компании лани исплаќале најниска нето-плата од 3.000 до 3.500 денари, уште две од 3.500 до 4.000 денари, девет од 4.000 до 4.500 денари. Додека, пак, 1.192 фирми лани исплаќале плата под 8.000 денари, односно под загарантираниот минималец.

Повеќето од фирмите во земјава се во секторот трговија на големо и мало. Само 6,9 отсто од вработените, 483.447 лица, лани зеле плата над 35.000 денари. Повеќето, 18,6 отсто, се со примања од 10.000 до 12.000 денари, а добар процент, 17,6 отсто, се со износи околу просечната плата во земјава, односно месечно заработуваат од 20.000 до 25.000 денари.

Статистиката открива дека во земјава има 490 компании во кои распонот од највисоката до најниската плата е девет и повеќе пати, односно има разлика од над девет пати во платата на најслабо и најдброплатениот работник. Додека во најголем дел од компаниите, дури 36.433, распонот меѓу најниската и највисоката плата е 1,9 пати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik